Јужна Кореја и СAД на преговори за намалување на реципрочните царини

Кореиcкиот министер за индустрија Ан Дук-гeун изјави дека целта е да се постигнат договори до 8 јули, денот кога истекува одложувањето на воведувањето на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за речиси целиот свет.

Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави работат на пакет договори кои ќе ги укинат американските и реципрочните царини пред тие да стапат во сила во јули, соопшти јужнокорејската делегација по првиот круг трговски преговори во Вашингтон.

САД и Јужна Кореја во четвртокот имаа „многу успешна“ средба, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент по тој состанок.

„Изгледа дека се движиме побрзо одошто мислев, и веќе следната недела ќе разговараме за техничките услови“, им рече тој на новинарите.

Бесент и американскиот трговски претставник Џејмсон Грир се сретнаа со министрите за финансии и индустрија на Јужна Кореја.

Ниту една страна не откри детали за можните области на преговори, но Јужна Кореја соопшти дека побарала изземање од реципрочните и американските царини за одредени производи.

Таа понуди соработка во бродоградба и енергетика, како и разговори за трговски нерамнотежи.

Кореиcкиот министер за индустрија Ан Дук-гeун изјави дека целта е да се постигнат договори до 8 јули, денот кога истекува одложувањето на воведувањето на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за речиси целиот свет.

Републиканецот најави реципрочни царини од 25 проценти за Сеул, а Јужна Кореја е една од првите земји со кои американската влада започна трговски преговори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни