Јужна Кореја ќе ја истражува вселената, потпиша меморандум за соработка со НАСА

Јужнокорејската управа за воздухопловство (КАСА) соопшти дека потпишале меморандум за соработка на полето на вселенските истражувања со американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА).
Фото: ESA

Меморандумот беше потпишан во четвртокот во седиштето на НАСА во Вашингтон по разговорите меѓу шефот на КАСА, Јон Јонг-бин и администраторот на НАСА Бил Нелсон, пренесува Јонхап.

Претставниците на КАСА и НАСА разговараа за соработка во различни области на вселенски и развој на воздухопловството, вклучително и истражување на длабоката вселена и месечината, и се согласија да го зајакнат своето лидерство на меѓународната сцена.

Покрај тоа, тие ја потврдија својата намера да соработуваат за одржливост на вселената, вклучително и развој на стандарди за размена на информации поврзани со намалување на вселенскиот отпад, управување со вселенскиот сообраќај и заштита на вселенската средина.

КАСА, исто така, соопшти дека планира да разговара за потпишување посебен договор за истражување со НАСА за проширување на учеството на Јужна Кореја во американската програма за истражување на Месечината Артемис.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни