Американската сојузна држава Јута е прва во Соединетите Американски Држави (САД) која забрани истакнување и носење на LGBTQ+ знамиња во школите и државните згради.
Од 7 мај, државните или локалните власти ќе бидат казнети со 500 долари дневно ако истакнат било кое знаме освен знамето на САД, државното знаме на Јута, воените знамиња и неколку други кои се одобрени од пратениците. Не се дозволени ни политички знамиња кои поддржуваат некој кандидат или партија.
Новата законска одредба може да предизвика конфликт меѓу властите на државата и управата на нејзиниот најголем град, либералниот Солт Лејк Сити, каде секој јуни се истакнуваат знамиња LGBTQ+ во чест на „Месецот на гордоста“.
Ендру Витенберг, портпарол на градоначалникот на Солт Лејк Сити, Еринот Мендихол, изјави дека адвокатите на Градот го анализираат законот.
Минатата недела сличен закон беше донесен во Ајдахо, но тој се однесува само на школите. Републиканците од Ајдахо предложија посебен закон за забрана на истакнување одредени знамиња и на државните згради.
Флорида предложи забрана за знамињата на гордоста и другите кои претставуваат политички ставови во школите и државните згради.
Некои гранки на сојузната влада на САД, вклучувајќи го Министерството за боречки прашања, исто така имаат ограничувања за тоа кои знамиња можат да се вееат на нивните објекти.