Јуроп хаус: По повод Денот на Европа, „Сите за Кочани да трчаме заедно“

По повод Денот на Европа, Europe house мрежата, оранизира трчање во седум градови во Македонија.

„Во седумте града на Јуроп хаус мрежата, се собираме – не само да трчаме, туку да застанеме заедно за настраданите во Кочани“, пишува на нивниот инстаграм профил.

Europe house мрежата, под мотото „Сите за Кочани трчаме заедно“, ги повикува граѓаните на солидарност за настраданите во пожарот во Кочани.

„Овој Ден на Европа, да го претвориме секој чекор во симбол на солидарност“.

Од таму информираат дека организираните трки ги здружуваат тркачите од сите генерации и сите нивоа.

„Не станува збор само за километри. Станува збор за заедница, поврзаност, почит. Секоја трка. Секој чекор. Секоја донација – оди во Црвениот крст за поддршка на Кочани. Трчаме заедно, За Кочани“, пишува на инстаграм профилот, Europe House Skopje.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни