Книжевна вечер посветена на Едуар Луј [19. јуни, 19:00, Илика]
Во знакот на месецот на гордоста организираме книжевна вечер посветена на францускиот писател Едуар Луј, кој е познат по своите автофикциски романи што се занимаваат со темите на класната нееднаквост, насилството, хомофобијата и идентитетот. Настанот и разговорот ќе го води Душица Лазова, а нејзини соговорници ќе бидат Мања Величковска и Стефан Алијевиќ. Меѓудругото, ќе зборуваат и за неговиот роман „Кој го уби татко ми“ кој претходната година излезе на македонски јазик во превод на Ацо Пероски и издание на „Илика“.
- Креативна работилница за изработка на џанк дневник со Матеј [20. јуни, 17:30, Илика]
Дали ви се случило да наидете на куп стари ситници низ домот, и да не знаете што да правите со нив, а и не сакате да ги фрлите? Па, еве ви шанса да им најдете корист, а притоа и да ја разбудите креативноста и, на забавен и одржлив начин, да создадете нешто убаво кое може да ве наврати на драги спомени исто како пишан дневник. Понесете си ги со себе дневниците, или некоја стара неиспишана тетратка, „ѓубренца“ со кои ќе ги исполните страните, и, секако, добро расположение! Некои од нештата што можете да ги земете се: билети од кино и автобуси, обвивки од бонбони и разни пакувања, обоена или шарена хартија, стари списанија, стикери… А, секако, и ние ќе донесеме некои материјали кои ќе може сите да ги поделиме.
- Читачки кружок и промоција на романот „Тирза“ од Арнон Грунберг [23. јуни, 18:00, Europe House – Скопје] [24. јуни, 20:00, КСП Центар-Јадро]
Се радуваме што холандскиот писател Арнон Грунберг месецов доаѓа во Скопје! Најпрво, (23. јуни) ќе се одржи читачкиот кружок каде ќе зборуваме за сите нишки што романот ги крие во себе, ќе поразговараме со Грунберг и ќе дознаме за процесот и идеите зад приказната. За присуство испратете ни само кратка порака! Следниот ден, ве покануваме да дојдете на промоцијата, каде романот „Тирза“ ќе биде претставен пред поголема публика. Промотор ќе биде поетот и преведувач Александар Маџаровски, чија рецензија за романот можете да ја слушнете на неговиот Јутјуб канал „Читачот“.
- Уредничка работилница: Работа на текст [28. јуни, 10:00, Илика]
Во градот започнува нова работилница! Збунети преведувачи, фрустрирани прозаисти, срамежливи поети и сите осамени книжевници – на повик сте да ги извадите ракописите од фиоките. Пријавете се со праќање кратка неформална порака и вашиот текст (не подолг од 10 страници) на мејл адресата: ilika.publishing.shop@gmail.com најдоцна до 20.6. и дојдете заедно да работиме на текст. Срдечно ве каниме да се пријавите на првата средба на работилницата „Работа на текст“ што ќе се одржува во утрата на секоја последна сабота од месецот во кафе-книжарницата „Илика“. Придружете ни се во мисијата да изградиме заеднички и безбеден простор во којшто ќе зборуваме за идеи и ќе уредуваме претходно испратени текстови за да ја надминеме осаменоста во процесот на пишување, давајќи си меѓу