Јуки Цунода ќе му биде нов тимски колега на Макс Верстапен во Ред Бул

„Беше навистина тешко да се гледа како Лиам се бори со RB21 на првите две трки и, како резултат на тоа, колективно донесовме одлука да направиме предвремена промена. Во новата сезона влеговме со две амбиции: да ја задржиме титулата кај возачите и да ја вратиме конструкторската титула. Оваа одлука е исклучиво спортска.“, изјави Кристијан Хорнер, директорот на Oracle Red Bull Racing, најавувајќи ја големата промена во тимот.
Фото: © Getty Images / Content Pool


Официјално, од Jапонското ГП, Јуки Цунода ќе биде новиот возач на Oracle Red Bull Racing, додека Лиам Лосон ќе се врати во Visa Cash App Racing Bulls. Оваа ротација се случува по тешкиот старт на сезоната за Лосон и сè подобрите настапи на Цунода, кој оваа година стартуваше со импресивна форма.

Со четири болиди на стартната линија, Red Bull ја има флексибилноста да прави стратешки промени во поставата кои носат подобри резултати. Оваа одлука не е само замена – туку е стратешки потег со цел да се максимизираат перформансите во Ф1.


Фото: © Getty Images / Content Pool

„Голем дел од работата што ни претстои е и подобрување на болидот. Јуки има искуство и докажана брзина и знаеме дека неговиот придонес ќе биде значаен во развојот на RB21“, додаде Хорнер.

Цунода сезонава веќе покажа одлични резултати, со тоа што обезбеди петто место на квалификациите на ГП Австралија и шесто место на спринтот во Кина.

Она што ја прави оваа приказна уште повозбудлива, е тоа што Јуки Цунода своето деби за Oracle Red Bull Racing ќе го има токму пред домашната публика на легендарната патека во Сузука.

Од 2021 година, Цунода, чекор по чекор се гради како сериозен тркач, а по четири сезони во вториот тим на Ред Бул, ова е значителен чекор во неговата кариера.

Во меѓувреме, Лиам Лосон ќе има можност да продолжи да се развива во тимот на Visa Cash App Racing Bulls, каде што веќе има добро искуство.

Фото: © Getty Images / Content Pool

„Исклучително сме горди на Јуки, дефинитивно заслужи да се приклучи на Oracle Red Bull Racing! Неговиот напредок од минатата година и од самиот почеток на 2025-та година, е навистина неверојатен. Му посакуваме успех! Целиот тим на Visa Cash App Racing Bulls со нетрпение чека повторно да работи со Лиам и да му ја обезбеди најдобрата можна средина за да го покаже својот талент, за кој сите знаеме дека го поседува. Толку добро се вклопи минатата година, што едвај чекаме заедно да растеме како тим со нови предизвици.“, изјави Лорент Мекис, тимскиот шеф на Visa Cash App Racing Bulls.

Оваа промена дефинитивно воведува нова динамика во шампионатот, а првата постојка е Сузука – местото каде што започнува новото поглавје за Јуки и Oracle Red Bull Racing.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни