Ју Ес Опен со рекорден награден фонд во историјата на тенисот

Колективно, учесниците ќе поделат сума од 90 милиони долари, од кои пет милиони ќе им припаднат на победниците во машка и женска конкуренција

Наградниот фонд за учесниците на претстојниот Гренд слем во Њујорк е зголемува за 20% и ќе биде најголем во историјата на тенисот, објавија организаторите.

Колективно, учесниците ќе поделат сума од 90 милиони долари, од кои пет милиони ќе им припаднат на победниците во машка и женска конкуренција.

Наградата што ќе ја освојат шампионите во обете натпреварувања е повисока за дури 39 отсто во споредба со онаа што беше актуелна на претходното издание на турнирот (изнесуваше 3,6 милиони долари).

Организаторите на турнирот објавија дека „за прв пат“ победниците во двојки, или женски или машки, или во микс, ќе заработат еден милион долари.

Поразените во финалето во поединечна конкуренција ќе добијат по 2,5 милиони долари. Играчите што ќе изгубат во првото коло на УС опен ќе добијат по 110.000 долари.

Отвореното првенство на САД ќе се одржи во Њујорк од 24 август до 7 септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни