ЈСП од викендов повторно во колапс, граѓаните без превоз

Приватните превозници деновиве се вратија на градските улици, за да како што велат да им излезат пресрет на граѓаните, но и со очекување дека градските власти ќе го разгледаат и прифатат нивното барање за зголемување на цената на нивната услуга по изминат километар.

Се трошат стоковите резерви на нафта, ЈСП засега е покриено само за до крајот на неделата и се чека интервентна набавка на гориво, кој според информациите веќе пропаднал, бидејќи понудувачот не доставил целосна документација.

Дали доколку ропадне и новиот оглас, министерот за животна средина и Владата повторно ќе му помогнат на ЈСП за да не сотанат граѓаните без превоз?

Прашање и како овој пат Владата ќе го спасува ЈСП.

Од друга страна, приватните превозници деновиве се вратија на градските улици, за да како што велат да им излезат пресрет на граѓаните, но и со очекување дека градските власти ќе го разгледаат и прифатат нивното барање за зголемување на цената на нивната услуга по изминат километар.

Доколку тоа не се случи, повторно ќе се најдат во ситуација да мора да ги редуцираат автобуските линии или целосно да се повлечат до решавање на нивното барање.

На денешната седница на Град Скопје една од точките на дневен ред е токму оваа. По седницата ќе се знае каков ќе биде исходот во насока на решавање на проблемот со јавниот превоз и дали граѓаните ќе останат од викендов повторно без превоз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни