ЈП Лајка: Се појави кучешка чума во прифатилиштето без опасност по здравјето на луѓето

На веб страната на ЈП Лајка стои соопштение со кое ја информираат јавноста дека во прифатилишето е констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума (Canine distemper)’.

“Станува збор за вирусно заболување исклучително ризично по животот на заловените кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето и следствено, опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Затоа, во периодот од 14 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани“, пишува во соопштението.

Во периодот што следи ЈП Лајка ќе работи на внатрешна реорганизација, дезинфекција и санација на сите оддели – карантин, интензивна нега, пост-оперативен дел и вдомување. Исто така информираат дека ќе бидаат вдомени исклучиво, застоените кучиња кои престојуваат со години во прифатилиштето и они што имаат имунитет а ќе бидат предадени на новите сопственици единствено со негативен тест на штенечак.

“Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира“, пишува во соопштението.

Лајка информира дека, мерките кои се преземаат во периодот се неопходни и од исклучителна важност, со цел да се превенира ширењето на болеста која е подмолна и фатална по здравјето и животот на кучињата.

В

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни