На 31 мај во Кинотека на Македонија ќе настапи авангардниот гениј во светот на средновековната музика, композитор и најпознатиот лејтист на светот- Јозеф ван Висем.
Од почетокот на кариерата на композиторот, Ван Висем си постави цел да ги донесе звуците на единствената барокна лејта до пошироката публика, во што целосно успеа. Победник на филмскиот фестивал во Кан за саундтракот за вампирската драма „Only Lovers Left Alive“ — Ван Висем има високопрофилни соработки со Џим Џармуш, Џејмс Блекшо, Зола Хесус и многу повеќе неверојатни фигури од уметничката индустрија.
Јозеф ван Висем има издадено повеќе од 20 албуми со извонредни музички реликвии, вклучувајќи го и неговото последно издание „Behold! I Make All Things New» — инструментално, неокласично дело, снимено во карантин помеѓу 2019 и 2021 година.
Настапувал на огромен број концерти низ светот во академски сали, католички катедрали и на најпрестижните фестивали како АТП и Примавера Саунд свирејќи ја својата целосно црна барокна прилагодена лаута. Сега ван Висем доаѓа во сала Кинотека за да ги потопи слушателите во неговиот личен и прекрасен свет, полн со темни искуства и уникатни чувства.