Јордан Симонов прогласен за најдобар актер на театарскиот фестивал во Дебар

Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар, по текст на Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи

Актерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобар актер на 23. фестивал „Албански театар во Македонија“ во Дебар за улогата на Павле во претставата „Лагата“.

Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар, по текст на Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.

По учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов за улогата на Павле го доби највисокото актерско остварување, лауреат, ова е втора награда што ја добива за истоимената улога.

Наградата свечено му беше врачена синоќа, а во присуство  на в.д. директорот Никола Кимовски.

На фестивалот во Дебар учествувале повеќе од 180 претстави од регионот и од светот, а за Македонскиот народен театар ова е прво учество на овој фестивал, на кој за првпат наградата ја добива и македонски актер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни