45-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Јоланта Дилевска e добитничка на специјалната награда „Златна камера 300“ на „Браќа Манаки“

Јоланта Дилевска истакнатата полска кинематографка, e добитничка на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на јубилејниот 45-ти Фестивал „Браќа Манаки“.

„Доследен на традицијата рано да ги воочува и потоа да ги негува врските со вонсериските кинематографер(к)и, годинава, на јубилејното 45. издание, Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ со посебна гордост ја закитува со специјалната „Златна камера 300“ полската кинематограферка Јоланта Дилевска“ , велат организаторите на фестивалот.

Јоланта Дилевска е родена во Вроцлав, Полска, во 1958 година, а се школувала и дипломирала режија и кинематограферство во 1989 г., на прославената „Леон Шилер“ национална филмска, ТВ и театарска школа во Лоѓ, расадникот на многу генерации филмски уметници, особено кинематографер(к)и. Со стекнатото искуство и светско реноме, Дилевска е ангажирана како професорка на Филмската школа во Лоѓ, а предава и на престижната филмска академија „Баден-Виртемберг“ во Лудвигсбург, Германија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни