Предавањето „Ре-акомодација на културните чинители“ ги прикажува процесите на реконструкција на две важни (но многу различни) берлински згради: ЗК/У и Haus der Statistik (HDS). Различни по размер и архитектонски стил, обете згради се сместуваат на културните актери и урбаниот развој за општо добро. Во случајот на ЗК/У историски богатиот индустриски комплекс е трансформиран од уметничка резиденција во платформа за разновидна културна сцена. Како модел проект за понатамошен развој на модернистичкото наследство, HDS отиде подалеку од реконструкцијата и стана прототип за соработка на културниот и административниот сектор.
ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕДАВАЧИТЕ:
Mиодраг Куч
Миодраг Куч е трансдисциплинарен уметник, урбан теоретичар и педагог, чија работа ги истражува сложените односи помеѓу ефемерните структури, просторните апропријации и урбаните политики. Учествувал во реализацијата на бројни уметнички и академски проекти, првенствено во областа на урбаните студии, визуелно-културните студии и урбаната антропологија. Моментално работи како програмски директор во хибридната институција ZK/U (Zentrum für Kunst und Urbanistik) во Берлин, каде што се занимава со критичка урбана педагогија и улогата на иницијативите од локално ниво во транссекторскиот урбан развој. Тој е ко-директор на одделот за критичка урбана педагогија (ZEDucation) и работи на пресекот на архитектурата, урбаната политика, сценскиот дизајн/театарот и социјалната работа.

Конрад Браун
Конрад Браун е ко-основач и член на одборот на openberlin e.V. и е вклучен во партиципативен урбан развој од 2012 година со цел да се постигне пристап кон јавното и приватното земјиште кој е повеќе ориентиран кон заедницата. Како хонорарен архитект и урбан истражувач, тој работи трансдисциплинарно на темите урбанизам, општество, култура, политика, право и економија. Тој посветува особено внимание на урбан развој и развој на недвижности управуван од корисниците, кој е ориентиран кон општото добро.
Тој е член на одборот на моделниот проект Haus der Statistik и на непрофитната компанија за недвижности AndersBauen.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ:
Продукција: Лабораторија за просторно изведувачки практики Градот како сцена во рамки на програмите на платформата за современа уметност и култура „Факултет за работи што не се учат“ – „АКТО фестивал за современи уметности“.
Проектот Градот како сцена: Еколошки иднини, е поддржан од ГЕТЕ Институт Скопје во партнерство со водечкото германско списание во областа на архитектурата и урбанизмот. ARCH +.
Партнери на проектот Градот како сцена: еколошки иднини: ГЕТЕ ИНститут Скопје, ARCH +, Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, Пловечки универзитет – Берлин, Факултетско студентско собрание – Архитектонски факултет – УКИМ Скопје.
Проектот Градот како сцена: Изведување на јавниот простор е поддржан од Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија.
Партнери на проектот Градот како сцена: изведување на јавниот простор:
Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, ГЕТЕ ИНститут Скопје, Институт за уметност и театар од Чешка- Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, Факултет за драмски уметности – УКИМ Скопје, FONTYS Универзитетот за Уметност од Тилбург – катедра за мастер студии Performing public spaces,.