Јавниот превоз во земјава меѓу најлошите во Европа според граѓаните

Додека 91 отсто од австријците се задоволни од нивниот јавен превоз, дури 53 отсто од граѓаните во Македонија рекле дека не се задоволни од јавниот превоз, пренесе Euro News.

Ваквите бројки покажуваат дека Македонија е помеѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, а понезадоволни од јавниот превоз се само жителите на Италија, Албанија, Црна Гора и Србија.

Според истражувањето кон ставовите на граѓаните влијаеле достапноста, безбездноста, доверливоста и фреквенцијата на јавниот превоз.

Со 53 отсто незадоволство, јавниот превоз во земјава е оценет како лош, а тоа се гледа и според објавите на граѓаните на социјалните мрежи кои подолг период се мачат со редуцирани возни линии и недостаток на автобуси.

Според анкетите, Скопје е на дното и по употребата на јавниот превоз со само 28 отсто, додека дури 64 отсто од граѓаните рекле дека користат свое превозно средство.

Од земјите каде што има најдобар јавен превоз и каде што граѓаните се најзадоволни, покрај Австрија, на листата високо котираат и ФИнска, Чешка, Норвешка, Полска и Велика Британија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни