Здружението за современа уметност и кураторкси практики “Проектен простор Прес ту егзит” од Скопје, ќе одржи јвна презентација на европскиот проект „Pathways to Creative Careers / Патеки до креативни кариери (P2CC)“, која ќе се одржи на 4 јуни 2025 (среда) во 11:00 часот во Europe House Skopje.
Презентацијата ќе понуди увид во целите, методологијата и досегашните резултати на овој Еразмус+ проект, фокусиран на развој на менторски практики во визуелните уметности, музиката и изведувачките уметности, со акцент на работа со млади креативци.
Проектот гради одржлива мрежа на едукатори, ментори и културни работници низ Европа, поттикнувајќи нови модели на менторство, колективна продукција и учење преку практика.
Во проектот учествуваат организации од Шведска (Folkuniversitetet Umeå – координатор), Италија, Шпанија, Хрватска и Македонија. Локалниот партнер и организатор на настанот е Здружението за современа уметност и кураторкси практики “Проектен простор Прес ту егзит” од Скопје, во соработка со КСП Центар – Јадро и други независни културни чинители.
Настанот е отворен за сите заинтересирани професионалци, едукатори, истражувачи и членови на независната културна сцена