Продукцијата „Перипетија“ објави повик за средношколци за учество во проектот „Театарот ги обединува младите“. Како што информираат оттаму, селектираните учесници преку 10 театарски работилници ќе имаат можност повеќе да истражуваат и да се запознаат со театарската уметност.
„Група од 45 млади од Србија, Северна Македонија и од Грција ќе го истражуваат концептот на парите во обид да го прошират своето знаење, да ја изразат својата креативност, да го изострат своето критичко промислување, како и да се впуштат во меѓународна соработка во период од 16 месеци. Серијата работилници, дебатите и дигиталната платформа за соработка ќе бидат преточени во уметнички продукции, кои ќе ги активираат нашите креативни, теоретски и имагинативни способности“, велат од „Перипетија“ и додаваат дека учесниците ќе имаат можност да учествуваат на „Кик-оф кампот“ во Скопје и на „Фидбек“ кампот во Белград заедно со своите врсници од Грција и од Србија.
Програмата е меѓународен проект кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на Министерството за култура на Македониja и во соработка со Театарот за деца и младинци – Скопје, во кој учествуваат пет меѓународни организации од Србија, Чешка, Грција и од Македонија.
Повеќе информации во врска со проектот се достапни тука.