Од 28.10 до 09.11.2023 е во тек пријавувањето за 14 регионална манифестација 24 ЧАСОВНО
ЦРТАЊЕ НА СТРИПОВИ која е отворена за стрип автори од регионот.
Според информацијата од Томе Трајков-програм координатор на Стрип центар на Македомија
, 14-тото издание се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до
следниот ден 12 ноември 2023 ,исто така во 12 ч.
Се црта во живо од определени пунктови во градовите : Госпиќ ,Херцег нови ,Љубљана ,
Осиек , Риека , Сплит , Загреб но , исто така се овозможува цртање од дома и објавување на
изготвени стрип на онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/
Како што истакна Трајков , од страна на соработниците и пријатели од Хрватска бргу е
прифатена неговата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори .
Што се однесува до организацијата , таа е спонтана нема посебен организатор .На светско
ниво истата ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд , а во регионот
авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција низ годините бргу се
проширува . Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од
светската истоветна акција , којашто се организира во месец октомври.-завршува Трајков.