Јавен повик за бесплатна обука за пишување проекти и интеркултурна соработка

Преку дводневна обука, учесниците ќе добијат практични знаења, експертско менторство и можности за вмрежување, со цел да ги развијат своите идеи во квалитетни проектни апликации

Во рамките на проектот „Интеркултурен хаб Скопје“, ЗГ Есперанца – Светски културен центар, Институтот за медиуми и аналитика ИМА и Центар Јадро Скопје објавуваат повик за бесплатна обука за пишување проекти и интеркултурна соработка, наменета за млади и активни творци во културниот сектор. Оваа иницијатива има за цел да ја зајакне видливоста и поддршката за културата на помалите заедници – еден од најранливите и најзапоставените сегменти во културниот екосистем на земјата.

Преку дводневна обука, учесниците ќе добијат практични знаења, експертско менторство и можности за вмрежување, со цел да ги развијат своите идеи во квалитетни проектни апликации и да создадат нови партнерства во духот на мултикултурализмот и солидарноста. Проектот е поддржан од програмата „Ваха 3: Враќање на јавните простори преку уметноста и културата во солидарност“. Ваха е Иницијатива на Анадолу култур и Зуса, финансирана од Фондацијата Меркатор и Европската културна фондација.

Во прилог интегрален текст на Повикот:

Јавен повик за учесници: Бесплатна обука за пишување проекти и интеркултурна соработка

Здраво, креативци, уметници, културњаци! Дали сте подготвени да бидете дел од обука што носи промени?

Дали ви е смачено вашите проекти да се отфрлани или недоволно буџетирани од Министерството за култура и туризам, од Министерството за односи меѓу заедниците, од Агенцијата за млади и спорт, Од Агенцијата за остварување на правата на заедниците?

Бараме 15 талентирани и амбициозни креативци, уметници, културњаци, активисти, проектни менаџери во културата коишто водат здруженија чија мисија е промоција и унапредување на културата на заедниците (на возраст од 18–45 години), за учество во обука којашто ќе ги унапреди вашите вештини за пишување проекти, прецизно и креативно читање на проектните повици од нашите министерства и агенции, дизајнирање концепти за интеркултурна соработка, запознавање со регионални и меѓународни можности за аплицирање и поддршка.

Еве што добивате:

Обука од двајца врвни експерти за проектен менаџмент во културата, за пишување проекти, за интеркултурна соработка, прибирање средства и стратешко планирањКонкретна работа врз тековните проектни повици и формулари за аплицирање.

Дружење и меѓусебно запознавање со колеги од областа и можност за вмрежување, соработка и создавање проектни партнерства на лице место.

Кого бараме:

  • Индивидуални уметници, креативни претприемачи, проектни менаџери и фандреjзери од здруженија чија мисија е промоција и унапредување на културата на заедниците.
  • Страсни создавачи на уметнички дела, културни содржини што промовираат позитивни културни вредности од културата на заедниците и интеркултурализмот.
  • Млади ентузијасти подготвени за соработка и нови проектни апликации, проектни партнерства и иницијативи“.

Важни датуми:
 Рок за пријавување: 15 септември 2025 година
 Обука: 27-28 септември 2025 година @ Културен Центар Јадро, Скопје

Не ја пропуштај оваа можност да го засилиш твојот глас, да добиеш експертско менторство и да имаш вистинско влијание во твојата заедница. Подготвен/а си за борба и културна креација? Кликни на овој линк – Аплицирај сега!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни