Јапонското царско семејство ќе стануваат Јутјубери

Јапонското царско семејство ќе отвори свој профил на YouTube следната недела, соопшти во петокот јапонската влада, во обид да го модернизира имиџот на монархијата, која инаку е многу поврзана со традицијата.

Минатата година, царот за прв пат отвори профил на Инстаграм, каде што сега има речиси два милиони следбеници.

Натписите ги прикажуваат императорот Нарухито, царицата Масако и нивното семејство кои се среќаваат со странски државници, посетуваат жртви на природни катастрофи или присуствуваат на отворањето на изложбите.


Почнувајќи од вторник, семејството исто така ќе објавува видеа на YouTube, изјави портпаролот на царското семејство за АФП.

Нарухито (65) седна на тронот во 2019 година, откако неговиот татко Акихито стана првиот император кој абдицира во повеќе од два века.

Според повоениот устав на Јапонија, монархијата нема политичка моќ, туку симболична улога.

Иако царското семејство останува длабоко почитувано и сакано, особено меѓу постарите граѓани, од нив се очекува да се однесуваат беспрекорно и повремено се мета на онлајн кампањи за оцрнување.

На пример, минатата година братот на императорот, принцот Акишино, изјави дека неговото семејство било цел на пораки и навреди на интернет.

Според шинтоистичката религија, јапонските императори потекнуваат од божицата на сонцето Аматерасу, а според легендата, нивната лоза е стара повеќе од 2.600 години. Тоа е најстарата династија во светот, иако првите историски потврдени императори владееле дури во 6 век од нашата ера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни