На 11 октомври Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја беше гостин на концертот на јапонскиот
оперски пејач Котетсу Казухиро, кој е познат на македонската јавност по тоа што пее
македонски традиционални песни. Тој беше дел од програмата на интернационалниот
фестивал за класична музика Интерфест во Битола.
Во разговор со новинарите амбасадотот Оцука ја најави „Неделата на јапонски филм“ која
ќе се одвива во Скопје и Битола од 3-ти до 10-ти ноември оваа година и ја нагласи важноста
на ваквите настани и културната размена за развој на билатералните односи. Воедно, тој го
спомна јубилејот кој ќе се слави во 2024 година – 30 години дипломатски односи помеѓу
Јапонија и Република Северна Македонија, за што во амбасадата се веќе во подготовки
достојно да го обележат.
Неодамна Јапонската амбасада објави повик за дизајн на идејно решение лого за
одбележување на јубилејот кој се затвора на 20 октомври.
Амбасадорот Оцука ги покани битолчани да го погледнат филмовите кои ќе се прикажуваат
во центарот на култура во Битола на 9 ти и 10 ти Ноември.
Јапонската амбасада и Кинотеката на Северна Македонија во соработка со Јапонската
фодација по претставуваат 16то издание на Недела на Јапонски филм во Кинотеката на во
Скопје и по четврти пат во Центарот на култура на Битола.