Група научници од Јапонија развијаа синтетичка крв која потенцијално може да ја елиминира потребата од совпаѓање на крвните групи при трансфузија.
The Japan Times пишува дека синтетичката крв покажала извонредни резултати во студии на животни – успешно го врши транспортот на кислород и згрутчување, двете примарни функции на човечката крв.
Може да се користи во возила за итна помош
Синтетичката крв може да им се дава на сите пациенти, без оглед на крвната група, и може да се складира подолго време. Според Med Edge, таа не предизвикала значајни имунолошки реакции за време на тестирањето.
Тим од Националниот колеџ за медицинска одбрана открил дека нивната синтетичка крв функционира како црвени крвни зрнца и тромбоцити. Потенцијално, оваа крв може да се користи во возила на итната медицинска помош.
Во тек се клинички испитувања на луѓе, а научниците го очекуваат одобрувањето од јапонската влада. Доколку тоа се случи, се зголемува потенцијалот за револуција во трансфузиските технологии.
Секоја година, поради неможноста за пристап до крв за трансфузија, животот го губат милиони луѓе. Развивањето на лесно достапни замени за крвта може значително да го намали бројот на смртни случаи.
