Јапонски научници развија пластика што се раствора во морска вода за само неколку часа

Јапонски научници направија пробив во борбата против загадувањето на океаните – тие развијаа нов вид пластика која целосно се распаѓа во морска вода за само неколку часа, без да остава траги во животната средина.

Истражувањето е резултат на заеднички труд на тимот од истражувачкиот центар RIKEN и Универзитетот во Токио. Новиот материјал, кој се разградува многу побрзо од досегашните обиди за биоразградлива пластика, е тестирана во лабораторија во градот Ваку, недалеку од Токио. Таму, научниците покажаа како мал дел од оваа пластика исчезнува во солена вода за околу еден час.

Иако сè уште нема конкретен план за комерцијализација, лидерот на проектот, Такузо Аида, изјави дека интересот е голем – особено од компании што се занимаваат со пакување производи.

Научници ширум светот веќе со години работат на решенија за проблемот со пластичното загадување, а според Програмата на Обединетите нации за животна средина, се предвидува дека до 2040 година ова загадување ќе се утрои – што значи дека годишно во морињата ќе завршуваат дополнителни 23 до 37 милиони тони пластика.

„Децата немаат избор на кој планета ќе живеат. Наша должност како научници е да направиме сè што можеме за да им оставиме најдобра можна животна средина“, вели Аида.

Ова откритие би можело да стане пресвртница во глобалните напори за зачувување на морињата и океаните од пластичен отпад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни