Во текот на овој месец почнува пилот проектот за полнење на електричните возила на крстосници во градот Кашива. Заедничката истражувачка група составена од Универзитетот Токио, Универзитетот Чиба и девет компании ќе го почнат демонстрацискиот експеримент за полнење на електрични возила во движење во Кашива-но-ха Смарт Сити во градот Кашива.
Според Универзитетот Токио, експериментот ќе се спроведува од октомври до 10 март идната година. Системот за напојување во движење го направија професорите Хироши Фуџимото и Осаму Шимизу од Факултетот за гранични науки при Универзитетот Токио, а функционира не само за електрични, туку и за хибридни и плагин возила. Полнењето во времетраење од 10 секунди ќе му овозможи на типичниот автомобил да помине 1 км.
Ако станицата за полнење на пат секогаш биде под напон, енергијата би се трошела залудно кога нема возила, но системот кој го развија јапонските научници е опремен со технологија која ја минимизира енергијата во состојба на приправност и овозможува детекција на возила за кратко време.
За станиците за полнење да се користат безбедно, тие мора да имаат доволно издржливост на површината на патот и да бидат способни да пренесуваат сила. Затоа истражувачката група го користи овој експеримент за проверка на трајноста на станиците за пренос на енергија кои се интегрирани во површината на патот.
Извор: vidi.hr