Јапонија се обидува да ги совлада најголемите шумски пожари од 1992 година

Пожарот што избувнал во средата, оштетил повеќе од 80 згради и приморал илјадници жители да ја евакуираат областа околу градот Офунато во шумовитиот североисточен регион Ивате. Според јапонската агенција за управување со пожари, 1.200 хектари веќе биле опустошени од пламенот.


Јапонија се обидува да совлада неколку шумски пожари, откако веќе изгорела површина која е најголема од 1992 година. Во меѓувреме, една личност загинала, а подрачјето е евакуирано.

Пожарот што избувнал во средата, оштетил повеќе од 80 згради и приморал илјадници жители да ја евакуираат областа околу градот Офунато во шумовитиот североисточен регион Ивате. Според јапонската агенција за управување со пожари, 1.200 хектари веќе биле опустошени од пламенот.

„Се обидуваме да утврдиме колку точно од погоденото подрачје е опустошено и веројатно тоа е најголема опожарена површина од 1992 година“, изјави портпаролот на агенцијата за управување со пожари за Франс прес.

Тогаш пожарот уништил 1.030 хектари во Куширу на Хокаидо, на северот на земјата. Денес, 1.700 пожарникари се распоредени за да се обидат да го изгасат пожарот.

Причината за пожарот засега не е позната.

Јапонија во 2023 година имала околу 1.300 шумски пожари од февруари до април, кога воздухот е сув, а ветерот силен. И најновиот пожар во регионот Ивате е поддржан од силен ветер, рекол портпаролот на агенцијата за управување со пожари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни