Јаник Синер го победи Алкараз, Вимблдон има нов шампион

Италијанецот го освои својот прв трофеј на Вимблдон и спречи Алакараз да го оствари својот трет последователен триумф на единствениот Гренд слем на трева

Италијанскиот тенисер Јаник Синер попладнево во финалето на Вимблдон го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 3:1 во сетови.

Така, Италијанецот го освои својот прв трофеј на Вимблдон, а спречи Алакараз да го оствари својот трет последователен триумф на единствениот Гренд слем на трева. Покрај тоа, ова е прв пораз на Алкараз во финалето на еден Гренд слем турнир.

Самиот натпревар започна како што сакаше Шпанецот. Алкараз го доби првиот сет со 6:4 иако Синнер водеше со 4:2.

Во вториот сет, единствениот брејк беше забележан во првиот гем, а истиот резултат од 6:4 за Синер беше и во третиот со брејк во деветтиот гем.

Практично истото сценарио беше видено и во последниот сет. Синер направи брејк во третиот гем и ја задржа таа предност до крајот за да стигне до својата четврта Гренд слем титула. Алкараз има една повеќе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни