Јамал, ѕвездата на Барселона стана полнолетен

Сега се чека на спектакуларната промоција на неговиот нов договор со Барселона кој е потпишан и е со важност до 2031 година

Од денеска мега – ѕвездата на Барселона и светскиот фудбал Ламин Јамал е полнолетен, а според медиумите во Шпанија, тој роденденот го прославил со спектакуларна забава синоќа на непозната локација.

Сега се чека на спектакуларната промоција на неговиот нов договор со Барселона кој е потпишан и е со важност до 2031 година со откупна клаузула од една милијарда евра.

Исто така Јамал ќе ја добие и престижната “десетка“ на Барса како подарок за неговиот роденден, дресот во кој играа Марадона, Роналдињо, секако и Меси.

Јамал го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи за Барселона и шпанската репрезентација, а на големата сцена е веќе две години.

Дебитираше за Барселона на 16 години, а на 17 години стана европски шампион со Шпанија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни