Јагодите се на врвот на листата според количината на пестициди- Еве како правилно да ги измиете

Не ги мијте јагодите однапред ако не планирате веднаш да ги јадете – така ќе се расипат побрзо. Дури и ако купувате домашни или органски јагоди, сепак измијте ги поради можни траги од земја или бактерии.

Јагодите се едно од најомилените овошја во пролет и лето – слатки, сочни и миризливи, совршени сами по себе, во десерти, смути и слично. Но, пред да ги консумирате, важно е да знаете како правилно да ги измиете – и зошто тоа е неопходно за вашето здравје.

Зошто јагодите треба внимателно да се мијат?

Јагодите растат ниско до земјата и често се прскаат со пестициди за заштита од штетници, мувла и расипување. Освен тоа, при транспорт и пакување доаѓаат во допир со различни површини и раце. Затоа се меѓу овошјата со највисока количина на пестициди, според бројни истражувања.

Немити јагоди можат да содржат остатоци од пестициди, бактерии, па дури и јајца од паразити. Иако не е опасно ако изедете една-две немити, редовната консумација на овошје кое не е добро измиено, особено кај деца и чувствителни лица, носи одредени здравствени ризици.

Како правилно да ги измиете јагодите

За да отстраните што е можно повеќе нечистотии, а да го зачувате вкусот и текстурата, следете ги овие чекори:

  • Не ги вадете дршките пред миење. Ако ги извадите, јагодите ќе впијат повеќе вода и ќе станат воденести.
  • Ставете ги јагодите во голем сад и наполнете го со ладна вода. Лесно промешајте ги со рака и оставете да стојат 5 до 10 минути.
  • Во водата може да додадете лажица оцет или сода бикарбона – тоа помага во отстранување дополнителни нечистотии и бактерии.
  • По натопувањето, внимателно исплакнете ги под млаз ладна вода.
  • Ставете ги на чиста крпа или хартиена салвета да се исушат. Дури потоа отстранете им ги дршките и подгответе ги за консумација.

Не ги мијте јагодите однапред ако не планирате веднаш да ги јадете – така ќе се расипат побрзо. Дури и ако купувате домашни или органски јагоди, сепак измијте ги поради можни траги од земја или бактерии.

Јагодите што се меки, сморчени или имаат темни дамки – најдобро е веднаш да ги одвоите

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни