Ѕвезда што голта планети: FU Orionis е двапати пожешка од очекуваното

Ѕвездата FU Orionis, млада и бурна космичка појава, која се наоѓа на 1.360 светлосни години од Земјата, ги изненади научниците со својата температура. Според податоците од телескопот Hubble, делови од нејзината површина достигнуваат неверојатни 16.000 келвини — трипати повеќе од температурата на површината на Сонцето.

Оваа необична топлина доаѓа од интеракцијата меѓу дискот од гас и прашина, кој ротира околу ѕвездата, и нејзината површина. Како што објаснува астрономот Адолфо Карваљо од Институтот Калтек, брзото триење на материјалот создава енергетски „земјотреси“ кои светорат сто пати посилно од самата ѕвезда.

Пеколни услови што уништуваат планети

FU Orionis е младa и променлива ѕвезда, класифицирана како „Т Таури“, со диск кој вообичаено служи како „градежен материјал“ за формирање планети. Но, кај оваа ѕвезда, суровините се „голтаат“ пред да добијат шанса да создадат нови светови. „Во ваква космичка печка, карпестите планети како Земјата немаат шанса да опстанат — или испаруваат или горат,“ додава Карваљо.

Што ја прави FU Orionis уникатна?

Оваа ѕвезда е дел од бинарен систем, што значи дека гравитациското влечење на нејзиниот придружник дополнително ја дестабилизира. Нејзиниот диск ротира со неверојатна брзина, создавајќи експлозивна средина. Блескавото светло од дискот, типично за „Т Таури“ ѕвездите, кај FU Orionis е посебно изразено поради огромната количина материјал.

Зошто е важна FU Orionis за науката?

FU Orionis е клучен пример за разбирање на формирањето на планетарни системи. Нејзината екстремна природа открива како некои млади ѕвезди го „крадат“ материјалот што би создал планети. Преку вакви проучувања, астрономите добиваат увид во раните фази од еволуцијата на ѕвездените системи, како и потенцијалните пречки за создавање на планети слични на нашата Земја.

Со вакви „ѕвезди-печки“, космосот постојано не потсетува дека создавањето на стабилен свет е вистинско чудо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни