Ѕpotify ги објави 10 те песни од Евросонг со најмногу стримови во историјата на натпреварот

На првото место се наоѓа песната Arcade на Дункан Лоренс, која ја донесе победата за Холандија на Евросонг во 2019 година. Оваа емотивна балада ја освои публиката низ цела Европа и светот, и сè уште се слуша.

Spotify објави листа на топ 10 песни од Евросонг кои имаат најмногу стримови во историјата на музичкото натпреварување. Меѓу нив има многу популарни и култни песни кои ја обележале историјата на Евросонг.

На првото место се наоѓа песната Arcade на Дункан Лоренс, која ја донесе победата за Холандија на Евросонг во 2019 година. Оваа емотивна балада ја освои публиката низ цела Европа и светот, и сè уште се слуша.

На второто место е песната Snap на Роса Лин, која ја претставуваше Ерменија на Евросонг во 2022 година. Иако не постигна извонреден резултат (заврши на 20-то место во финалето), песната стана вистински хит, особено на социјалните мрежи како TikTok, што значително го зголеми бројот на стримови.

Шведската пејачка Лорин со песната Tattoo ја зазеде третата позиција. Песната ѝ донесе победа на Евросонг во 2023 година, а интересно е што Лорин стана првата жена која победи на Евросонг двапати (првпат со песната Euphoria во 2012 година), која исто така е на оваа листа, заземајќи го седмото место.

Топ 10 песни од Евросонг на Spotify:

  1. Arcade – Duncan Laurence
  2. Snap – Rosa Linn
  3. Tattoo – Loreen
  4. Zitti e Buoni – Måneskin
  5. Fairytale – Alexander Rybak
  6. Waterloo – ABBA
  7. Euphoria – Loreen
  8. Soldi – Mahmood
  9. Queen of Kings – Alessandra
  10. Europapa – Jost

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни