“Ѓоре Магаревски” 80 години подоцна – приказна за антихеројот

Нека доаѓањето во театар повторно претставува празник за секој битолчанец

Народен театар Битола, на 14 и 15 ноември ќе ја постави претставата “Ѓоре Магаревски – 80 години потоа”, нивно патување низ историјата на театарот. Репризите се на 13 и 14 декември.

,,Борбата за слобода на македонскиот народ трае со векови испреплетена со дволичност, лицемерие, предавства… со еден збор испреплетена со Ѓоревци, жално но вистинито. Борбата за слобода заврши 1944 година но истата до ден денес тлее во сите нас, некои ја нарекуваат борба за слобода на мислата, некои на духот, изразувањето, идентитетот… Нас театарџиите во наследство ни остана црвената завеса која била спасена во разрушениот театар од страна на окупаторот но за жал не го преживеала уништувањето од страна на домашниот непријател, некојси Ѓоре, триесетина години подоцна” велат од театарот.

“Ѓоре Магаревски” и 80 години подоцна останува да биде приказна за антихеројот.

,,Почитувана публико во име на главниот идентитетски и културен столб на слободна Битола, гигантот помеѓу театрите, ве очекуваме во храмот на уметноста. Нека доаѓањето во театар повторно претставува празник за секој битолчанец, без вас и вашето присуство, денес театарот немаше да биде тоа што е!Нека биде празник, нека се случи театарска магија!Да живее театарот!” порачуваат од Битолскиот театр.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни