Ѓоковиќ тврди дека се обиделе да го затрујат пред да го депортираат од Австралија

Новак Ѓоковиќ тврди дека се уште трпи трауми од 2022 година, кога беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да се натпреварува на првиот Грен слем таа сезона.
Фото: Andymiah, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Ѓоковиќ не се вакцинираше против коронавирусот, чија пандемија во 2022 година беше главна тема ширум светот, а му направија огромен проблем во Австралија, од која на крајот беше депортиран поради одлука на одговорниот министер.

Новак бил задржан во хотел во Мелбурн со денови пред депортацијата. Српскиот тенисер таму тврди дека бил лошо третиран, а се уште мисли дека добил труење со храна.

„Кога дојдов дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен со храна во тој хотел во Мелбурн. Ова никому не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија открив високо ниво на тешки метали во себе. Имав високо ниво на олово и жива во себе“, изјави Новак во интервју за „GQ“.

Локалното Министерство за внатрешни работи соопшти дека од безбедносни причини не можат да коментираат поединечни случаи кога биле контактирани за наводите на Новак, пишува веб-страницата GQ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни