Ѓоковиќ во „Београдска арена“ се појави со дуксер на кој пишуваше „Студентите се шампиони“ на англиски јазик, со кој испраќа јавна и недвосмислена порака.
Ѓоковиќ во последните неколку недели постојано ја истакнуваше својата поддршка за студентите и нивните барања, опишувајќи ја ситуацијата во српското општество како поразителна.
Овој пат отиде чекор понатаму и им порача на студентите дека се шампиони.