Ѓоковиќ го открива рецептот на неговиот утрински пијалак, кој го пие целото негово семејство

Додека целиот свет се воодушевува на рекордите кои ги собира Новак Ѓоковиќ, кој на крилата на златниот медал од Олимписките игри во Париз ќе се обиде да освои уште еден УС Опен, треба да се истакне дека за неговите успеси заслужна е и неговата специфична исхрана која ја практикува со години.
Фото: Carine06/Flickr

Ѓоковиќ при едно интервју ја сподели својата утринска навика која ја практикува целото негово семјество.

„Јас вака го започнувам својот ден. Најпрво земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ја отворам својата омилена фиока во фрижидерот, каде што го чувам целерот. Тоа го ставам во соковник за да добијам сок од целер“ открива Ѓоковиќ.

Според него, најдобар начин за да се започне денот е да се испие овој сток на празен стомак.

„Овој сок е полн со минерали, соли и уште неколку елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Прави чуда, како за мене, така и за мојата жена и за нашите деца“ открива Ѓоковиќ.

Сепак тенисерот открива дека неговите деца не го пијат чист овој сок, туку го мешаат со сок од краставица или јаболко.

Целерот треба да се користи почесто во секојдневната исхрана бидејќи, според нутриционистите позитивно влијае врз бубрезите, стомакот, цревата, мускулите, крвните садови и имунитетот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни