Фановите на оригиналот од 2006 година, каде Мерил Стрип маестрално го толкуваше ликот на Миранда Присли, главната и немилосрдна уредничка на престижното модно списание Runway, а Ен Хатавеј и Емили Блант беа нејзини преоптоварени асистентки, ќе се израдуваат – сите главни актери ќе се вратат на сетот. Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи ќе ги репризираат своите култни улоги.
Снимањето започнува на 1 октомври и ќе трае до 16 октомври, а првата локација е елегантниот RG Showroom во Милано, совршена сценографија за филмот кој продолжува да го слави раскошниот свет на меѓународната мода.
Производството ќе вклучи околу 2.000 статисти, но улогите не се отворени за секого – кандидатите треба да имаат над 30 години и професионално да се занимаваат со мода, дизајн, комуникации или организација на настани.
Посебно внимание е посветено на естетиката – статистите ќе добијат прецизно дефинирани стилски упатства за изглед и однесување на сетот. Целта е да се прикаже убедлива, живописна и автентична слика од миланската модна сцена.
Снимањето се одвива меѓу Њујорк и Италија, а премиерата е закажана за 1 мај 2026 година, само два дена пред гламурозниот настан Met Gala.