𝗣𝗠𝗚 𝗝𝗮𝘇𝘇 𝗞𝗹𝘂𝗯 со големо задоволство го најавува концертот на 𝗧𝗛𝗘 𝗟𝗢𝗖𝗔𝗟 𝗕𝗟𝗨𝗘, исклучителен музички состав чии концерти се вистинско сонично патување ослободено од жанровските елементи на музичката композиција.
Концертот ќе биде во сабота, на 14 декември, во Лабораториум во Лабораториум.
𝗧𝗛𝗘 𝗟𝗢𝗖𝗔𝗟 𝗕𝗟𝗨𝗘 e музичка група од Скопје, во која членуваат четворица млади, но и добро познати музичари во сè побогатата алтернативна сцена на овие простори. Тричленото јадро на бендот го сочинуваат Кристијан Савиќ, Панде Ефтимов и Кристијан Новковски, во чиј трио формат зад себе ги оставија албумите „Project Blue Beam“ (2018) и „2nd Landing“ (2020) издадени од Мирко Попов за PMG Recordings.
Звукот на The Local Blue би можел да се опише како инструментален краут рок со забележливи психоделично-динамични акценти.
Уникатна спојка на една звучна палета од психоделичен, стоунер, спејс и пост рок. Сепак, афинитетите кон музичка слобода својствени во изразот на секој од членовите им допуштаат на композициите да прогресираат секоја на свој уникатен начин, зависно од моменталното чувство, носејќи го звукот на овој бенд во поширок жанровски опсег.
Токму желбата за слобода во изразувањето и отвореност кон се’ поширок спектар на музички изрази од различни стилови, доведе до проширување на матичното трио со уште еден член. Станува збор за Нинослав Спировски, еден од најистакнатите саксофонисти од новиот бран на скопската импровизирана, авангардна, фри џез сцена, со долгогодишно искуство и во гитарската музика.
Бендот моментално работи на својот трет албум, кој се очекува наскоро да излез за PMGJazz. https://pmgrecordings.com/release/the-local-blue-project-blue-beam-pmgrec-154-2018/