На првата фотографија од снимањето се гледа како Деп држи чаша и гледа во камерата со сериозен израз на лицето. Неговата значајна физичка трансформација веднаш привлече внимание – неговата долга коса и брада сега се речиси целосно сиви, што го прави да изгледа постар отколку што го паметат обожавателите.
Во филмот, тој толкува мистериозен лик по име Кели, кој случајно се среќава со келнерка на бродот за крстарење, Лорна (Медлин Клајн). Двајцата наскоро се наоѓаат вовлечени во опасен криминален заговор.
Пенелопе Круз, која претходно работеше со Деп во филмови како „Удар“, „Пиратите од Карибите“ и „Убиство во Ориент Експрес“, овојпат го толкува ликот на Кара Лозана. Филмот е во режија на Марк Веб, познат по неодамнешниот игран филм на Дизни, „Снежана“ со Рејчел Зеглер и Гал Гадот. Веб изјави дека е многу возбуден поради проектот:
„Имаме одлична екипа, прекрасна локација и возбудлива приказна за раскажување. Ќе биде навистина забавно“.
Продуценти на филмот се Басил Иваниук и Ерика Ли, познати по серијалот Џон Вик, како и Адам Колбренер, кој работеше на филмот Detained. Сценарист е Зак Дин.
Day Drinker го одбележува првиот голем холивудски проект на Деп во последните седум години. Неговата последна главна улога беше онаа на темниот волшебник Гринделвалд во Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald. По контроверзноста што следеше по судењето со Амбер Херд, во продолжението на франшизата беше заменет со актерот Мадс Микелсен.