Џезерите ќе свират рок во салата на Македонската филхармонија

Нашиот оркестар, заедно со гудачкиот ансамбл, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив

На 30-ти ноември, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, ќе се одржи концертот “Golden Rock Swings”.

„Нашиот оркестар, заедно со гудачкиот ансамбл, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив“, велат од Џез оркестарот.

Ексклузивни гости на концертот ќе бидат: Бранислав Николов од Фолтин, фантастичниот џез вокал, Илија Апелгреен и неверојатната Светлана Јовановска.

„Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на “Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување“ порачуваат од Џез оркестарот.

🎫 Билетите се веќе во продажба! Може да ги набавите на следниот линк и на продажните места на MKТикетс. https://mktickets.mk/event/golden-rock-swings/ 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни