Сè почесто луѓето на ChatGPT му велат „те молам“ и „благодарам“, а еден корисник на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), @tomieinlove, се запраша колку пари OpenAI троши на струја поради овие дополнителни зборови.
Одговорот на Алтман беше краток, но впечатлив:
„Десетици милиони долари – добро потрошени. Никогаш не се знае.“
Истражување од 2024 година покажало дека 67% од Американците се однесуваат љубезно со AI-асистентите бидејќи сметаат дека „манирите се важни – дури и со машини“. Од нив, 55% веруваат дека тоа е „едноставно правилно однесување“, а 12% признаваат дека тоа го прават „за секој случај – ако AI некогаш навистина го преземе светот“.
Иако оваа љубезност можеби е скапа, некои експерти веруваат дека учтивиот говор може да го подобри квалитетот на одговорите. Куртис Биверс, дизајнер во Microsoft, објаснува дека љубезноста „помага да се создаде тон на почит и соработка во одговорите“.
Од внатрешен извештај на Microsoft WorkLab:
„Користењето учтив јазик го поставува тонот на разговорот. Кога AI ќе препознае љубезност, веројатно и самиот ќе биде пољубезен и покооперативен. Генеративната AI често го одразува стилот и јасноста на самиот корисник.“
Во неодамнешно интервју со кураторот на TED конференцијата, Крис Андерсон, Сем Алтман откри дека ChatGPT неделно користат околу 800 милиони луѓе, што е приближно 10% од светската популација.