Јубилејно издание на „Под земја полесно се дише“

Во гаражите под плочникот, зад Соборниот храм, оваа сабота ќе се одржи јубилејното 10-то издание на уникатниот уметнички настан „Под земја полесно се дише“. Настанот кој стана култно обележје на независната уметничка сцена, повторно ќе ги зближи љубителите на уметноста и добрата музика под скопското небо, каде што, како што велат организаторите, „полесно се дише во тазе јаглерод диоксид отколку во ладен скопски смог“.

Програма која инспирира

Оваа година, подземниот простор ќе биде исполнет со богата програма која ги комбинира музиката, визуелната уметност и архитектурата. За музичката атмосфера ќе се погрижат:

  • Alembic
  • Namuz
  • Pondskull

Љубителите на визуелната уметност ќе имаат можност да ги погледнат делата на реномирани уметници како Еџе Али, Јелена Белиќ, Ангела Георгиевска, Симона Манчева, и многу други, вклучувајќи и дела од гостинските уметници од Грција ΓΑΔΑΚ и Софиа Григориаду.

Особен акцент ќе биде ставен на студентите од Архитектура, кои ќе ги претстават своите иновативни проекти, притоа докажувајќи дека иднината на уметноста и дизајнот е светла.

Зошто да не го пропуштите?

„Уметноста ги зближува луѓето,“ велат организаторите, и токму тоа е духот на овој настан. Без разлика дали сте љубител на музиката, сликарството или едноставно сакате да бидете дел од нешто поинакво, „Под земја полесно се дише“ е место каде што креативноста нема граници.

Дојдете, почуствувајте ја магијата на подземјето, и уживајте во атмосферата која инспирира и поврзува. Настанот започнува во 12:00 часот и ветува забава до доцна во ноќта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни