Јавен повик за средношколци за проектот „Театарот ги обединува младите“

Продукцијата „Перипетија“ објави повик за средношколци за учество во проектот „Театарот ги обединува младите“. Како што информираат оттаму, селектираните учесници  преку 10 театарски работилници ќе имаат можност повеќе да истражуваат и да се запознаат со театарската уметност.

„Група од 45 млади од Србија, Северна Македонија и од Грција ќе го истражуваат концептот на парите во обид да го прошират своето знаење, да ја изразат својата креативност, да го изострат своето критичко промислување, како и да се впуштат во меѓународна соработка во период од 16 месеци. Серијата работилници, дебатите и дигиталната платформа за соработка ќе бидат преточени во уметнички продукции, кои ќе ги активираат нашите креативни, теоретски и имагинативни способности“, велат од „Перипетија“ и додаваат дека учесниците ќе имаат можност да учествуваат на „Кик-оф кампот“ во Скопје и на „Фидбек“ кампот во Белград  заедно со своите врсници од Грција и од Србија.

Програмата е меѓународен проект кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на Министерството за култура на Македониja и во соработка со Театарот за деца и младинци – Скопје, во кој учествуваат пет меѓународни организации од Србија, Чешка, Грција и од Македонија.

Повеќе информации во врска со проектот се достапни тука.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни