Јапонските автори на аниме не се плашат од вештачка интелигенција?

Во Јапонија, каде што технологијата и традицијата често одат рака под рака, аниматорите се соочуваат со нов предизвик — вештачката интелигенција. Додека светот се расправа за етичките граници, Јапонија одлучи да оди чекор понапред.

Сѐ започна кога се појави т.н. Ghibli филтер – алатка која, со помош на ВИ, ги трансформираше обичните фотографВИ во сцени што личеа на световите од познатиот Studio Ghibli. Иако се поврза со ко-основачот Хајао Мијазаки, студиото не даде официјален коментар. Но, еден стар цитат од него се врати во јавноста:

„Чувствувам големо гадење. Тоа е навреда за самиот живот.“

Мијазаки секогаш бил познат по својот хуман пристап. И покрај тоа, Јапонија како држава не застана. Законот за авторски права беше променет уште во 2019 година, дозволувајќи користење на заштитени дела за обука на ВИ – дури и без согласност од авторот. Со тоа, земјата испрати јасна порака: иновацијата има предност, барем засега.

Стравови во индустријата

Не сите се согласуваат со овој пат. Истражување спроведено од Arts Workers Japan со речиси 27.000 креативци покажа дека 94% од уметниците се загрижени дека ВИ може да ги прекрши нивните авторски права. Стравовите се реални, но одговорите сѐ уште не се јасни.

Културната агенција на Јапонија отвори јавна дискусија и прецизираше: иако законот е либерален, тој не се применува ако прекумерно ги оштети авторските интереси. Но дури и ако некој поднесе жалба, прашањето останува — како да се поправи штета ако системот веќе е изградeн врз неа?

Аниме, ВИ и недостигот од луѓе

Истовремено, индустријата влече на другата страна – кон ВИ. Анимето е клучен дел од стратегијата „Кул Јапонија“, а побарувачката расте. Само во 2023 година, беа продуцирани рекордни 300 телевизиски наслови. Но зад блескавите сцени се крие сурова реалност: недостиг од работна сила, ниски плати и преоптовареност.

Некои студија веќе експериментираат со ВИ. На пример, „Близнаци Хинахима“ е аниме проект целосно поддржан од ВИ, објавен во март 2024. Netflix Japan, пак, користеше ВИ за позадините во краткометражниот филм „Куче и момчето“.

Алатка, не замена

Во едно продукциско студио, K&K Design, заменик-директорот Хироши Каваками објаснува како ја користат Stable Diffusion: за обојавање сцени, чистење позадини, па дури и конверзија на фотографВИ во видео.

„Сцена која порано се правеше една недела, сега ја завршуваме за еден ден.“

Според него, ВИ е поддршка, не замена. ВИ не може да го замени човечкото око кога станува збор за раскажување приказна и визуелна смисла. Но времето и трудот што се заштедуваат – се незаменливи.

Јапонскиот став: технологијата не е непријател

Роланд Келтс, професор на Универзитетот Васеда, верува дека јапонската култура има поинаков однос кон технологијата. Во шинтоизмот – традиционалната јапонска религија – сѐ има дух (ками), дури и машините. Затоа Јапонците не се плашат од ВИ или роботи – тие ги гледаат како дел од природниот свет.

„Првиот аниме херој, Астро Бој, беше половина момче, половина робот. Тоа многу кажува.“

 Иновација или закана?

Не се сите загрижени. Канадскиот режисер Тејлор Никсон-Смит пишува за тоа како користи ChatGPT за организирање на снимања. За него, ВИ е помошник, не непријател.

Во меѓувреме, над 60% од јапонските уметници стравуваат за своите работни места. Но дури и меѓу нив, расте разбирањето дека оваа технологија може да им помогне да преживеат — или барем, да опстанат во индустрија што постојано бара повеќе, побрзо и поевтино.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни