Јапонски возач на автобус остана без отпремнина од 73 илјади евра бидејќи украл 6 евра од касата

Јапонски возач на автобус со 29 години стаж го загуби бонус за пензионирање од околу 73.000 евра откако беше отпуштен поради кражба на автобуска карта од 6 евра.
Фото: ドルフィン大佐, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Градот Кјото отпушти неименуван возач откако тој беше фатен на безбедносната камера на неговиот автобус како проневерил околу шест евра (1.000 јени) во 2022 година.

Инцидентот се случил кога група од пет патници се качиле во автобусот и им наплатил 1.150 јени. Возачот побарал од групата да стават 150 јени во монети во кутијата за билет и лично зел банкнота од 1.000 јени (шест евра) што не ја пријавил.

Иако е снимен, возачот на автобусот, кој, како што е наведено во судската пресуда, повеќе пати бил укоруван за разни инциденти, при разговор со претпоставените се обидел да ги демантира фактите.

Откако било одлучено да му се одбие отпремнината, возачот го тужел градот, а првостепениот суд пресудил во негова корист дека казната е престрога.

Случајот потоа отиде до Врховниот суд, кој вчера пресуди во корист на градот и ја потврди првичната казна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни