Јадранската магистрала, еден од најубавите патни правци, прославува 60 години

Јадранската магистрала долга е вкупно 1006 километри, а најголем дел од неа минува низ Хрватска (818 километри)

На просторите на бивша Југославија, ретко кој не се возел по неа во одреден момент, барем на некој нејзин дела.

Таа беше, или сè уште е, составен дел од патувањата до крајбрежјето на Јадранот, станува збор за Јадранската магистрала еден од најубавите патишта во Хрватска, Црна Гора, а некои велат и во светот.

Јадранската магистрала долга е вкупно 1006 километри, а најголем дел од неа минува низ Хрватска (818 километри).

Се протега по источниот јадрански брег, од Трст преку Пула, Ријека, Задар, Сплит, Плоче, Дубровник, Хецег – Нови, па во се до Будва, Бар и на крајот Улцињ во Црна Гора.

Патот свечено отворен во 1965 година

До неговото официјално отворање на 30 мај 1965 година, немало ниту еден пат што водел по должината на хрватскиот и црногорскиот брег. На некои места, поголемите населби биле поврзани. Неговата изградба на крајот продолжила на места или дури ги следела трасите на старите римски и средновековни патишта, како и патиштата изградени во 18 и 19 век и на почетокот на 20 век.

Неговата изградба засекогаш ја промени судбината на Јадранскиот брег кој почнал да се развива, а по магистралата да се градат куќи и одморалишта, па дури и цели населби.

Според некои, токму овој патен правец овозможил развој на масовниот туризам во Хрватска и Црна Гора.

Во изградбата учествувале 10.000 луѓе

Изградбата на Јадранската магистрала не била лесна задача. Според  информациите на компанијата „Геотек“, во нејзината изградба учествувале повеќе од 10 илјади работници и околу 300 инженери и техничари. Ископани биле најмалку шест милиони кубни метри материјал. За тоа биле користени мини и околу две илјади тони експлозиви.

Јадранската магистрала има 26 мостови долги до 20 метри и 13 мостови подолги од 50 метри, или вкупната должина на мостовите подолги од 30 метри е 3.734 метри, се наведува понатаму во истиот текст. Ширината е од шест до седум метри (на некои места од пет до шест метри), полна со остри кривини и наклони поголеми од шест проценти, и има тешкотии со густ сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни