Ѕвездата на Беверли Хилс ја откри бизарната причина зошто воопшто не пие вода

Актерката Тори Спелинг направи бизарна исповед во својот подкаст – откри дека мрази вода и дека е изненадена што сé уште е жива

Поранешната ѕвезда на „Беверли Хилс 90210“ на шега изјави дека е алергична на вода и дека ќе направи сé за да ја избегне бидејќи консумирањето веднаш и предизвикува гадење. Говорејќи во последната епизода од нејзиниот подкаст „misSPELLING“, Тори го призна овој факт.

„Не пијам вода. И кога велам дека не пијам вода, навистина мислам така. Како сè уште живеам, никој не знае. Јас сум како кактус. Само наводнувај ме одвреме-навреме и некако преживувам. Но, јас имам аверзија кон тоа. Не знам што е тоа, едноставно го мразам нејзиниот вкус. Пробав сè. Различни видови на вода. Можам да пијам малку минерал, но не многу. Веднаш штом ќе го испијам, веднаш ми се гади. Сигурна сум дека се работи за психолошко нарушување“.


Наместо тоа, Тори ужива во други пијалоци, вклучувајќи го и познатиот американски Dr Pepper, пијалок сличен на Кока-Кола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни