Џон Бон Џови спасил жена која стоела на работ од мост

Американскиот рок-музичар Џон Бон Џови е фатен на камерата како се обидува да убеди „очајна“ жена да се тргне од ивицата на мостот во Нешвил.

Американскиот пејач наводно снимал спот за песната на неговиот бенд „The People’s House“ на пешачки мост кога забележал жена од другата страна на оградата.

На снимката од надзорната камера споделена од локалната полиција се гледа како фронтменот Бон Џови и член на неговата екипа и приоѓа на вознемирената жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа, повикувајќи ја да се врати на безбедно, по што и помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа се прегрна и стоеја така околу една минута, пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел во Нешвил го сподели видеото на својот канал на Јутјуб и рече дека пејачот и помогнал на „очајната жена“.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што и помогнаа на една жена на пешачкиот мост Сајгенталер во вторникот вечерта. „Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Фондацијата JBJ Soul на пејачот им нуди поддршка на бездомниците и гладните, а тој самиот пројде опсежна обука за кризна комуникација.

Најново

Последни колумни