Ќе ја заврши ли Џорџ Р.Р. Мартин „Песната за мразот и огнот“?

Џорџ Р.Р. Мартин, возбуден поради претстојната серија на HBO „Витез од седумте кралства“, во новото интервју за THR призна дека ситуацијата е „некако апсурдна“ во врска со објавувањето на неговата следна книга „Ветровите на зимата“.
Фото: Gage Skidmore/Flickr

THR му го постави прашањето што неизбежно се појавува во секое интервју со писателот – до каде стигнал со пишувањето на „Ветровите на зимата“, шестата книга од серијата „Песна за мразот и огнот“.

„За жал, доцнам 13 години. Секогаш кога ќе го кажам тоа, си помислувам ‘како можев да доцнам 13 години?’. Не знам, тоа се случува ден по ден…“, рече Џорџ Р.Р. Мартин.

Сепак, тој инсистира дека пишувањето на книгата останува приоритет.

„Многу луѓе веќе ми пишуваат некролози. Велат дека никогаш нема да ги завршам книгите. Можеби се во право, не знам. Јас сум жив во моментов! Изгледам прилично витален“, рече тој.

Обожавателите отсекогаш шпекулирале за здравјето на Мартин, со оглед на тоа дека тој има 76 години, и доколку утре излезе „Ветровите на зимата“ (што секако нема), дали му требаат уште 13 години за последната книга од серијата, „Сонот за пролетта“, ќе има речиси 90 години кога ќе го објави.

Мартин постојано се судира и со своите читатели и со новинарите околу прашањето дали се плаши да умре пред да стави крај на приказната што беше прикажана во серијата „Игра на тронови“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни