Зошто Трамп ненадејно се премисли за царините?

Според Reuters, изненадното повлекување на царинските мерки било резултат на ненадејни и драматични потреси на глобалните финансиски пазари, кои новите царини дополнително ги дестабилизирале. Берзите изгубиле билиони долари во вредност за само неколку дена, а распродажбата на американски државни обврзници предизвикала паника во Вашингтон.

Како што пишува CNN во својата анализа, одлуката на Доналд Трамп да неочекувано објави тримесечна пауза на новите царини открива каде е неговиот праг на политичка издржливост: точно една недела.

„Почнаа да се жалатт“, изјави Трамп коментирајќи ги критиките што последниве денови ја зафатија Белата куќа, додавајќи: „Станаа нервозни, исплашени.“

Дури и за претседател познат по ненадејни пресврти, вчерашниот ден беше драматичен. Трамп ја објави паузата на долго најавуваните царини само еден ден по нивната жестока одбрана, додека неговиот главен трговски претставник сведочеше во Конгресот во корист на тие истите царини – очигледно не знаејќи дека неговиот шеф токму тогаш се откажува од нив.

Според Reuters, изненадното повлекување на царинските мерки било резултат на ненадејни и драматични потреси на глобалните финансиски пазари, кои новите царини дополнително ги дестабилизирале. Берзите изгубиле билиони долари во вредност за само неколку дена, а распродажбата на американски државни обврзници предизвикала паника во Вашингтон.

Financial Times известува дека повлекувањето било поттикнато и од притисокот од деловните кругови, Републиканската партија и финансискиот сектор, кои сè погласно предупредувале на штетата за американската економија.

Во написот се наведува дека одлуката на Трамп произлегла од страв од политичка и пазарна цена, како и обид да се коригира штетната политичка насока без целосно признавање на поразот. Се обидува да се прикаже како преговарачка тактика, иако аналитичарите тоа го гледаат како знак на несигурна и реактивна политика.

Трамп не попушти ни под притисокот од републиканците, бизнисмените и блиските пријатели, повторувајќи дека „нико“. Но, по жестоката распродажба на американските државни обврзници, дури и најблиските советници биле вознемирени. Ситуацијата станала сериозна.

Според извори запознаени со состојбата, Министерството за финансии одиграло клучна улога во промената. Министрот Скот Бесент лично му ја пренел загриженоста на Трамп, а претходно бил предупреден дека распродажбата на обврзници – нешто што не треба да се случува во време на нестабилност – е знак за загуба на довербата.

Повиците од деловниот и политичкиот свет го насочиле вниманието на Трамп кон пазарот на обврзници. Особено била влијателна шефицата на кабинетот, Сузи Вајлс, која се обидувала да му објасни дека му истекува политичкиот капитал додека берзите паѓаат, а републиканските конгресмени добиваат се повеќе бесни повици од граѓани.

Кога Трамп ја објавил паузата на царините, многумина во Белата куќа тоа го дознале истовремено со јавноста – преку Truth Social. Неговиот трговски претставник Џејмисон Грир, кој во тој момент сведочел во Конгресот, не дал никакви знаци дека нешто се менува.

„Изгледа дека шефот ви го повлече тепихот под нозете“, му рече конгресменот Стивен Хорсфорд од Невада на Грир среде сослушување.

Трамп призна дека одлуката не ја донел однапред: „Пазарот на обврзници е незгоден. Го следев. Сега изгледа убаво, но синоќа видов дека луѓето стануваат нервозни.“

Седејќи во Овалната соба заедно со министрите Скот Бесент и Хауард Лутник – кои застапувале спротивставени мислења за царините – Трамп ја потпишал одлуката.

„Немавме адвокати. Сами го напишавме. Од срце. Мислам дека беше добро напишано. Од срце“, изјави Трамп.

Бесент тврдел дека паузата не е пораз, туку дел од поширока стратегија: „Потребна беше храброст за да се издржи до овој момент.“ Но, Трамп истовремено кажал дека некои американски компании можеби ќе бидат автоматски изземени од царинскиот режим – што дополнително ги збунило пазарите.

На прашањето дали неговата веродостојност е нарушена поради ненадејната промена, Трамп одговорил: „Мораш да бидеш флексибилен. Погледни колку брзо се менуваат пазарите денес.

Утрината пред објавата, економскиот тим на Белата куќа бил фокусиран на драматичниот пад на побарувачката за американски обврзници. Првото издавање по објавата за новите царини поминало лошо. Некои аналитичари веруваат дека странски држави намерно избегнувале купување на американскиот долг.

Со оглед на тоа дека приходите од обврзници финансираат програми кои не се покриени со даночни приходи, тој пад предизвикал сериозна загриженост дека пошироката агенда на Трамп е доведена во прашање.

Бесент на телевизија се обидел да ја смири јавноста, изјавувајќи дека „таквите движења се непријатни, но нормални“, но во приватен разговор со Трамп пренел поинаква порака. Претседателот, велат извори, внимателно следел што се зборува за него, а клучен момент бил настапот на Џејми Дајмон, шефот на JPMorgan, кој на Fox Business изјавил дека „рецесија е веројатен исход“ на трговската војна.

„Пазарите не се секогаш во право, но понекогаш се“, изјавил Дајмон.

Трамп се обидел да го искористи краткотрајниот раст на берзите како лична победа, без да ги спомене рекордните загуби од претходната недела. Пред Белата куќа ја коментирал својата одлука:

„Таков е светот на финансии. Мораш да знаеш да се прилагодуваш“, рекол пред новинарите, алудирајќи на случувањата на пазарите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни