Во жешките летни денови, климатизацијата во автомобилот станува речиси неопходна. Но, според експертите, возачите многу често прават една голема грешка – веднаш по влегување во прегреан автомобил, ја вклучуваат климата на најјако, надевајќи се дека ќе ја оладат кабината што побрзо.
Зошто тоа е погрешно?
Во реалноста, тоа не само што не помага, туку и ја отежнува работата на системот за ладење. Денешните автомобили често имаат темна внатрешност со кожни седишта, кои дополнително ја впиваат и задржуваат топлината. Ако автомобилот бил паркиран на сонце, температурата во внатрешноста може да надмине 50°C, што го прави ентериерот вистинска мобилна сауна.
„Во таков момент, барате од климата да води изгубена битка. Ако веднаш ја вклучите, особено во режим на рециркулација, само го врти жешкиот воздух во круг и го форсира системот без потреба“, објаснува Кит Хаус, директор на „Nationwide Vehicle Contracts“.
Дополнително, жешкиот волан, сигурносните појаси и седиштата зрачат топлина во кабината, што го прави ладењето уште потешко.
Што треба да направите наместо тоа?
Отворете ги сите врати и прозорци 30–60 секунди за да излезе што е можно повеќе топол воздух. Започнете со возење со спуштени прозорци неколку минути, за да влезе свеж воздух. Потоа вклучете ја климата, но не користете режим на рециркулација – дозволете поладниот надворешен воздух да ја замени преостанатата топлина во кабината. Со оваа постапка, климата ќе работи поефикасно, ќе се оладите побрзо, а и ќе го продолжите векот на системот.