Зошто метаболизмот се успорува во текот на животот?

Во возраст од една година, бебето согорува калории 50% побрзо од возрасните иста големина.

За да добијат најточни и најсеопфатни податоци за просечниот врв и пад на метаболизмот, истражувачите обединиле различни студии во една база на податоци наречена IAEA Doubly Labelled Water (DLW) Database.

Тие го анализирале дневниот трошок на енергија кај повеќе од 6.600 луѓе на возраст од 8 дена до 95 години.

За да утврдат колку калории секој учесник согорува секој ден, користеле тест на урина наречен „DLW“, кој ја мери брзината со која одредени молекули излегуваат од телото.

Изненадувачки, пубертетскиот раст немал улога во забрзувањето на метаболизмот. Правиот врв се случува многу, многу порано – во првите 12 месеци од животот.

Во возраст од една година, бебето согорува калории 50% побрзо од возрасните иста големина.

„Нешто се случува внатре во клетките на бебето што ги прави попродуктивни, но сè уште не знаеме точно кои се тие процеси“ – рекол коавторот на студијата д-р Херман Понцер.

По првата година од животот, метаболизмот почнува да се забавува за околу 3% секоја година, додека не достигне „нова норма“ во 20-тите години. Ова може да објасни зошто децата стануваат пребирливи во исхраната (таканаречениот „пад на апетитот“) околу втората година.

Кога почнува да се забавува метаболизмот?

Уште едно изненадување за авторите на студијата? Средните години (или дури менопаузата) немале улога во забавувањето на метаболизмот. Меѓу 20-тите, 30-тите, 40-тите и 50-тите години, потрошувачката на енергија останува стабилна.

Тек по 60-тата година почнува благо да опаѓа (околу 0,7% годишно). Загубата на мускулна маса и забавувањето на клеточните процеси се две можни објаснувања за оваа промена во подоцнежниот живот.

„Сето ова укажува на заклучок дека метаболизмот на ткивата, работата што ја вршат клетките, се менува низ животот на начини што сè уште не сме во можност да ги разбереме целосно.“

Други зборови, здравиот метаболизам може повеќе да зависи од здравјето на клетките отколку од хронолошката возраст.

Иако телото почнува да го менува својот ритам во 60-те години, никогаш не е доцна да се воведат ритуали на долговечност кои можат да го подобрат квалитетот на животот и потенцијално да го продолжат, пренесува 24sata.hr.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни