ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

ЗНМ и ССНМ реагираат на информации за можни незаконски следења на новинари во периодот 2019–2024, нагласувајќи ја важноста на слободата на медиумите и правото на информирање.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) со сериозна загриженост ги следат информациите поврзани со можни случаи на незаконско следење на новинари и медиумски работници во периодот 2019–2024 година, за што јавноста беше информирана неодамна преку брифинг за новинари од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Дополнително, премиерот како и директорот на АНБ во понеделникот јавно упатија повик до Јавното обвинителство да реагира и да го расчисти случајот за овие наводи.

Сметаме дека секое незаконско следење на комуникации може да претставува сериозна закана за слободата на медиумите и за правото на јавноста да биде информирана.

Целото соопштение може да се преземе од линкот во продолжение:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни